За Оил Метал

Корпоративна историја
Оил Метал – Скопје е меѓународно сертифицирана компанија во градежниот сектор. Примарно, се занимаваме со проектирање и консалтинг, изведба и одржување на деловни и јавни објекти. Нашата компанија е лиценцирана за изведба на градби од втора категорија од Министерството за Транспорт и Врски на Република Македонија. Дополнително, во работењето компанијата ги применува стандардите ISO 9001 за управување со квалитет, ISO 14001 за управување со животната средина и OHSAS 18001 – согласно сертификати надгледувани од LL-C во Чешката република.

 

Основана во 1999-тата година, Оил Метал – Скопје без малку дваесет години работи со континуиран позитивен и растечки финансиски резултат. Како резултат на тоа, располагаме со богата референтна листа и препораки (достапни по барање) од реномирани приватни компании, јавно тргувани друштва, училишта, факултети, здравствени установи и државни институции. Нашето седиште се наоѓа на Бул. АСНОМ 70-58 во Аеродром, 1000 Скопје – Република Македонија, додека со складиште од 1,500m2  располагаме на периферијата на Скопје.